Сашко Арсовски: Да се повлече одлуката на Извршниот одбор оти е на шетата на каратето, со неа се казнети каратистите и тренерите

Поранешниот селектор и тренер на КК Штип, Сашко Арсовски, во чиј клуб е најдобриот македонски каратист Емил Павлов, но и нови надежни каратисти кои веќе се закитија со вредни одличја од меѓународната сцена, реагира на повлекување на одлуката на Извршниот одбор на КФРСМ донесена на 22 јули.

Со оваа Одлука во сила стапуваат Правилник за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на КФРСМ; Правилник за избор и работа на државните репрезентативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КФРСМ и Кодекс – правила на однесување на репрезентативците и официјалните лица на КФРСМ.

Арсовски побара повлекување на Правилникот.

„Резултатот на вака погрешно поставени работи се во негативната селекција која ја опишав во мое обраќање до средствата за информирање. Дека бев потполно во право го потврдува фактот на последната одлука на ИО на КФРСМ со Правилникот за избор и работа на државните репрезетативни селекции на РС Македонија во карате спортот на КРСМ, кој во спрема содржината теба да се наслови како Неправилник за неизбор , неработа и нефинансирање на репрезетативните селекции.  Да образложам, ова е Правилник кој нема правила и критериумите се е сведено на желбата на селекторот и изборот нема мериторен систем како би знаеле точно како се стекнува статус репрензетативец , а финансирањето е во зависност од расположиви средства што во пракса значи на товар на клубовите.

Би сакал да ве потсетам, а на оние кои не знаат да ги информирам дека претходниот Правилник за избор и финансирање беше многу подобра верзија на правилник кој имаше свои недостатоци на кој навремено беше укажано, но без желба и иницијатива не се презеде ништо, па така, на крајот имавме два изборни турнира со краен резултат во 4 (четири) категории имаше ист број на бодови па со одлучување во корист на едни а на штета на други натпреварувачи .

КК Штип имаше таков случај кој на крајот заврши на штета на нашиот натпреварувач се разбира, нели.

Нашите лоши искуства со раководните структури на КФРСМ и покрај врвните спортски резултати кој ги постигаат нашите натпреварувачи ни даваат за право да бидеме загрижени за последната Одлука на ИО на КФРСМ каде се усвојува еден од најбитните правилници од кој понатаму зависи цеокупната активност на клубовите (изборот на репрензетативци, ваучери, стипендирање, награди, признанија ……… )“, напиша во своето обраќање до Карате федерцијата и до сите клубови Сашко Арсовски.

Арсовски од клубовите бара:
„Итно ставање вон сила на овој правилник кој ништо не дефинира, освен што гарантира дека ќе има големи нерегуларности и незадоволства. Ова е централизирање на моќта на поединци од раководството на КФРСМ за која последиците ке ги сносат клубовите, тренерите и натпреварувачите. Навремено препознавање и реакции од нас каратисти ќе го отстранат негативниот публицитет кој го има каратето во РСМ и покрај најголеми спортски резултати.
Се надевам дека раководството ќе најде начин да се надминат себе си и да ја поправи оваа грешка, во спротивно, ја БАРАМ подршката од сите клубови за соработка во борбата против актуелното раководство на КФРСМ и избор на ново кое има визија за карате спортот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО