Блејдс го посети повредениот Аспинал и заедно пиеја пиво

Големиот УФЦ настан во Лондон заврши со повреда на Том Аспинал, кој само 15 секунди по почетокот на борбата мораше да ја предаде на Картис Блејдс.

Англискиот борец по ’лоу кик’ падна на подот, а со болна гримаса на лицето ја зграпчи болната точка.

На носилки е  изнесен од октагонот и додека лежеше не можеше да ја исправи ногата. Ова е негов прв пораз во УФЦ, во првите пет настапи беше многу убедлив против противниците.

По натпреварот Блејдс го посети Аспинал и му посака брзо закрепнување. На Том му се допадна гестот на Американецот.

„Пивото ќе ги развесели сите. Каков човек, големиот Картис и неговиот тим дојдоа да ме поздрават. Вакви страшни повреди за жал се случуваат, тоа не беше моја ноќ“, напиша Том Аспинал под објавата.

Картис Блејдс пред судирот најави дека доколку победи ќе бара меч против победникот од пресметката меѓу Туиваса и Гане. Ова го повтори и по лондонскоит настан.

„Не сакам да си го ризикувам местото во листата на предизвикувачи поради реванш. Победив и ќе се борам со подобриот од мечот Гане и Туиваса. Нема шанси да ја пропуштам оваа можност, ќе се борам против еден од двајцата“, подвлече американскиот борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО