Се слави големиот успех на ЕП на Трајковски и Стојановиќ во Ларнака (ФОТО)

Македонските каратисти во млади сениори (У-21) Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ ја одбранија честа на македонското карате и ја продолжија традицијата на освојување медали на европските шампионати. Тие денес на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Ларнака, Кипар, ги освоија бронзените медали.

За жал, Викторија Јовановска не успеа да направи хет-трик од повеќе аспекти. Таа се натпреваруваше во У-21 и доаѓа од КК Макпетрол, исто како и Трајковски и Стоајновиќ, и сите се ученици на младиот тренер и репрезентативец Петар Заборски.

Јовановска добро се бореше и не изгуби, туку нејзината борба заврши 3-3, но противничката Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина) прва освои поен и затоа се закити со бронзениот медал.

На истиот начин освои Трајковски. Неговата борба со Данил Анисимов од Белгија завши 4-4. Додека Стојановиќ беше убедлив против Малик Багаев од Словачка со 4-0.

Трајковски и Стојановиќ се добра серија, бидејќи минатата година освоија сребрени медали на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња-Турција.

Трајковски годинава (15 јануари) во Атина на Карате 1 Серија (Светската карате лига) се закити со бронза.

Ова е голем успех за нив, но и нивниот тренер, клуб и за македонското карате.

Како што јавуваат од таборот на нашите каратистите возбудата и радоста се големи.

На ЕП настапуваат 1136 каратисти од 41 држава.

Резултати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:

У-21

-84 кг
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 2-1
Витомир Трајковски – Жосе Миранда (Португалија) 4-3
Витомир Трајковски – Александар Калабиќ (Хрватска) 4-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Максим Бухаијов (Украина) 1-2
За бронза
Витомир Трајковски – Данил Анисимов (Белгија) 4-4

+84кг
Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ли Шеридан (Ирска) 2-0
Стефан Стојановиќ – Ондреј Босак (Чешка) 4-3
Полуфинале
Стефан Стојановиќ –Матео Аванзини (Италија) 4-5
За бронза
Стефан Стојановиќ – Малик Багаев (Словачка) 4-0

-61 кг
Викторија Јовановска – Фиона Шаедлер (Лихтеншатјн) 8-0
Викторија Јовановска – Марина Осман (Романија) 5-3
Викторија Јовановска – Александра Илановиќ (Унгарија) 6-3
Полуфинале
Викторија Јовановска – Кристина Крисопулу (Грција) 4-7
За бронза
Викторија Јовановска – Мартина Куртеш (Босна и Херцеговина) 3-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО