Петар Заборски: Трајковски и Стојановиќ постигнаа успех кој досега не се случил, а Витомир беше оштетен во финалето на СП

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ испишаа историја во македонското карате со осојувањето на два сребрени медали на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Коња, Турција. Тие медалите ги освоија во У-21, Трајковски во категоријата до 84 килограми, а Стоjaновиќ над 84 кг.

Ова беше најдобриот резултат на Македонија на светските првенства, а на ова во Коња ја вброи меѓу 20-те најуспешни нации.

Ќе остане забележано дека Трајковски и Стојановиќ се членови на Макпетрол кои за 30 минути освоија две сребра, а ги предводеше малдиот тренер и успешен натпреварувач Петар Заборски кој имаше успеси и на Балканското првенство во Бар, Црна Гора, минатата недела.

На Балканското првенство Марија Петровска се закити со златен медал во У-21 до 55 кг, додека Божовиќ беше дел од шампионски кумите тим во јуниорска конкуренција, а Мицовска со женскиот тим освои бронза.

За овие успеси на своите каратисти Петар Заборски вели:

„Нашите спортисти Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, кои се пласираа во финалните борби на Светското првенство во Коња, Турција, и со тоа го постигнаа историскиот успех кој до сега не се случил, освоија сребрени медали. За нив двајцата мора да кажеме дека беа извонредно подготвени за овој натпревар. Нивната подготвеност беше на максимално ниво во сите натпреварувачки сегменти кои опфаќаат делови на совршена борбена техника, тактика за секој дел од борбата, психичка и кондициски  подготвеност на највисоко ниво. И најважното, сето тоа беше темпирано токму за овој натпревар. Дека тоа беше така потврда се и резултатските постигнувања на двајцата. Нашите медалисти во низа во елиминацискиот дел нанижаа по пет последователни победи и со тоа докажаа дека се врвни спортисти кои се подготвени да постигнуваат големи резултати.

Ние во клубот Макпетрол, тренираме по двапати секој ден. Јас, како нивен тренер, најдобро ги познавам, бидејќи тренирам со нив и точно знам кога се во можност и кои техники можат да ги изработат правовремено, точно и прецизно.

Затоа се договоривме за време на првенството по секоја борба тие со мене да се консултираат за начинот и тактиката за своите следни настапи. Кога збориме за финалните настапи, кај Стефан Стојановиќ се виде дека недостасува навремен совет за да се смени тактиката, бидејки Стефан одеше во напад на ист начин и му дозволи на противникот да поентира со иста техника неколку пати. Тоа не смееше да се дозволи и тренерот кој го водеше требаше веднаш да реагира и да даде правилни насоки. Стефан заслужено загуби, не се снајде најдобро во финалниот меч, иако до тогаш беше брилијантен.

Што се однесува до Витомир Трајковски, тој беше многу добро поставен. Според мене, на нашиот спортист му беше украдена победата. На Витомир не му беа досудени три техники кои ги изработи за време на борбата. Како прво, не беше досуден рачен удар во телото на противникот, потоа извонреден ножен удар во тело и на крај, што беше и пресудно, не беше досуден удар во глава со нога. Сосема коректен и чист поен кој носи три бода. Ако се досудеше, а требаше, Витомир ќе беше светски првак. Но, судиите останаа неми и не дадоа знак за поен. За ова имаме доказ снимка од официјалниот репортер на светското првенство која може да ја презентирате“.

Недосудениот поен на Трајковски

Петар потенцира:

„За крај сакам да истакнам дека, комплетното раководство на Макпетрол, и ние и спортистите, сме многу задоволни од постигнатиот резултат. Освоени се не еден, туку два сребрени медали од светско првенство. Тоа се случува за првпат во карате историјата на светски младински првенства да имаме финале, а сега не едно туку наеднаш две финалиња за Македонија. Овие два освоени медали ја ставија Македонија на 20 место на генералната ранг листа од 105 држави. Тоа е голем резултат за Федерацијата , а уште повеќе за клубот Макпетрол, бидејќи и двајцата спортисти се од нашиот клуб“.

За резултатите на Балканското првенство Заборски вели:

„Дека сме навистина трофеен клуб, докажавме и на последното Балканско првенство на кое нашите каратисти Марија Петровска и Данило Божовиќ се закитија со златни одличја, а Јована Мицовска се закити со бронзен медал. Марија е балканска шампионка во категоријата до – 55 кг, а Данило е освојувач на златен медал во екипна конкуренција, како и Јована која е освојувач на бронзен медал исто така во екипна конкуренција. Јована и Данило исто така имаа забележителен настап и во поединечна категорија, каде што извојуваа по неколку победи и во репасажните борби фалеше малку спортска среќа за да освојат медал. Со овие златни одличја успешно го заокруживме овој натпреварувачки циклус и докажавме дека кога се работи континуирано и тимски резултатите не изостануваат.

Резултати СП:

-84 кг
Витомир Трајковски – Парањал Гири (Индија) 8-0
Витомир Трајковски – Тимотеј Јордан (Словенија) 3-0
Витомир Трајковски – Абдула Бабикар (Катар) 2-1
Витомир Трајковски – Хусеин Хусеинзаде (Азербејџан) 1-0
Полуфинале
Витомир Трајковски – Ахраф Хабила (Мароко) 2-0
Финале
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 1-4

+84кг
Стефан Стојановиќ – Сергио Карвоунис (Грција) 2-0
Стефан Стојановиќ – Мирлинд Реџепи (Косово) 1-0
Стефан Стојановиќ – Едуард Саглијан (САД) 2-1
Стефан Стојановиќ – Анес Бостанџиќ (БиХ) 2-1
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Осман Османли (Азербејџан) 2-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Санад Суфјани (Саудиска Арабија) 1-6

Резултати Балканско првенство У-21:
-55 кг
Марија Петровска – златен
Марија Петровска – Мевлија Имшировиќ (БиХ) 5-1
Марија Петровска – Александра Мартиновиќ (Србија) 2-0
Марија Петровска – Лаура Бергант (Словенија) 5-4
Финале
Марија Петровска – Нејра Шиповиќ (Србија) 8-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО