Спортските херои Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ пречекани како што доликува на светски вицешампиони (ФОТО/ВИДЕО)

Светските вицешампиони Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ синоќа беа пречекани како што доликува на медалисти од светското првенство. Со огномет, шампањско, музика, родители, роднини, пријаетли, клупски другари, граѓани на Карпош, љубители наспортот излегоа на плоштадот во Влае да ги поздрават хероите.

На радоста им немаше крај, а каратистите на Макпетрол ветија нови успеси и радости.

Да потсетиме, Витомир Трајковски го освои сребрениот медал во категоријата до 84 килограми на Светското првенство во Коња, Турција, во У-21. Исто така и во најтешката категорија (+84 кг) е освоен сребрен медал од Стефан Стојановиќ.

Ова е историски и најголем успех на македонското карате на светските превенства за млади, со што Македонија се најде на 20 место во светската елита. Ова е историја, бидејќи и Трајковски и Стојновиќ се од ист клуб, Макпетрол, нешто што ретко се случува.

Очекуваме уште поголеми успеси од нашите каратисти и пречек на плоштадот „Македонија“!

ВИДЕО од пречекот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО