Конор Мек Грегор ќе биде претепан во „Роуд хаус“

Конор Мек Грегор очигледно ќе биде претепан во неговиот прв филм.

На почетокот на август беше откриено дека добил главна улога во римејкот на Роуд хаус на Амазон студиос. Озлогласениот му се придружи на Џејк Гиленхал во римејкот на култниот класик од 80-тите, кој започна со снимање во август во Доминиканската Република.

Од денеска снимањето е при крај. Сè уште не е познато каква ќе биде улогата на Конор, но очигледно ќе биде претепан. На социјалните мрежи Мек Грегор објави кратко видео од сетот. На видеото се гледа дека е облеан во крв.

Џиленхал ќе игра поранешен борец на УФЦ кој се обидува да ја обнови куќата во Флорида Кис, улога која првично ја играше Патрик Свејзи. Очигледно Конор или ќе му помогне на Џиленхал или ќе биде главниот негативец кој ќе биде претепан од Гиленхал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО