Тајсон Фјури до јутјубер: Бакни ми ги мадињата, го*нар! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури ја нападна Јутјуб ѕвездата Тру Џрди, откако јутјуберот ја доведе во прашање неговата трилогија со Дерек Чисора.

Фјури изгледаше подготвен да се соочи со Ентони Џошуа при неговото враќање во рингот оваа година. Тајсон откри дека неговиот британски ривал го пропуштил рокот да го потпише договорот. Така, „Џипси кинг“ ќе се соочи со Чисора на 3 декември на стадионот на Тотенхем Хотспар.

Тој веќе го победи Чисора во 2011 и 2014 година, а последната заврши со ТКО по 10. рунда. За време на интервјуто на Јутјуб со Тру Џорди, чие вистинско име е Брајан Дејвис, Фјури ги загуби нервите.

Дејвис го прашал Тајсон дали се бори со Чисора само за парите. Фјури сериозно се налути, не престанувајќи жестоко да го брани Чисора. На крајот од интервјуто, Тајсон избувна со навреди кон јутјуберот и рече дека повеќе нема да му дава интервјуа.

„Мислам дека си идиот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО