Сребрен медал за Витомир Трајковски на Светското првенство во карате (ВИДЕО)

Витомир Трајковски во големото финале на Светското карате првенство за кадети јуниори и У-21 во Коња, Турција, во У-21 до 84 килограми го освои сребрениот медал. 

Загуби од Италијанецот Матео Фиоре 1-4.

На СП настапуваат 1859 каратисти од 105 држави.

Резултати СП:

-84 кг
Витомир Трајковски – Парањал Гири (Индија) 8-0
Витомир Трајковски – Тимотеј Јордан (Словенија) 3-0
Витомир Трајковски – Абдула Бабикар (Катар) 2-1
Витомир Трајковски – Хусеин Хусеинзаде (Азербејџан) 1-0
Полуфинале
Витомир Трајковски – Ахраф Хабила (Мароко) 2-0
Финале
Витомир Трајковски – Матео Фиоре (Италија) 1-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО