АктуелноМеѓународна сценаММА

Илија Топурија: Ќе го претепам Царукјан и ќе правам што сакам со него

Поранешниот шампион на УФЦ, Илија Топурија, покажа сериозна самодоверба во потенцијалната борба со Арман Царукјан.

Шпанско-грузискиот шампион рече дека нема да има проблем да прифати таква борба доколку УФЦ му ја понуди и е убеден дека убедливо ќе се справи со противникот.

„Зошто не ми дадоа борба со Царукјан? Не доаѓате во УФЦ и не велите: „Сакам да се борам со овој човек“. Тие ве повикуваат или закажуваат состанок. Ви даваат име и место, а вие правите што треба да направите. Не ви кажуваат како да се борите, а вие не им кажувате со кого ќе се борите и кога. Ако ми понудат борба со Арман, немам проблем“, изјави Топурија за Јутјуб каналот АИФ глобал.

Убеден е дека боречките вештини на Царукјан нема да му предизвикаат никакви тешкотии.

„Се борев со легенди на овој спорт кои имаат различни стилови. Арманд е добар борец, но ќе го шутнам и ќе правам што сакам со него. Имам црн појас од мои 20 години. Што ќе ми направи? Дали ќе се обиде да ме собори? Ако се сретнеме, ќе ги почувствува моите вештини и сила. Ќе се предаде. Тој е незрело дете“, додаде Топурија.

Моментално нема официјални информации дека УФЦ подготвува борба меѓу Топурија и Царукјан, но таков судир би бил меѓу најочекуваните во лесна категорија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON