Витомир Трајковски освои бронза во Светската карате лига

Витомир Трајковски ја почна годината со медал.

Каратистот на Макпетрол го освои бронзениот медал на Карате 1 Серија А во Атина, Грција, откако во борбата за третото место го совлада Црногорецот Никола Маловиќ so 5-0.

Ова е 45 медал за Макпетрол во Светската карате лига, а прв оваа година.

На патот до брнзениот медал Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од Гркот Константинос Мастрогијанис 0-1.

Трајковски е во одлична форма на почетокот на годината и навестува берикетна година за макеоднското кареате, што е добар показател пред Европското првенство.

На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави

Резултати Карате 1 Серија А – Атина:

-84 кг
Витомир Трајковски – Костас Константину (Кипар) 2-2
Витомир Трајковски – Рикардо Бресанело (Италија) 1-0
Витомир Трајковски – Џими Хаг (Шведска) 1-0
Витомир Трајковски – Хасан Арслан (Турција) 3-1
Витомир Трајковски – Џо Келавеј (Англија) 3-0
Полуфинале
Витомир Трајковски – Константинос Мастрогијанис (Грција) 0-1
За бронза
Витомир Трајковски – Никола Маловиќ (Црна Гора) 5-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО