Џон Џонс потпиша договор за 8 борби со УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс, потпиша договор за 8 борби со промоцијата.

Веста ја сподели Дана Вајт за медиумите во Лас Вегас. Следната борба на Џонс ќе биде против Французинот Сирил Гане. Оваа борба е закажана за 5 март во Лас Вегас како дел од турнирот УФЦ 285. Борците ќе се борат за испразнетата титула во тешка категорија.

Џон Џонс има 35 години. „Коски“ е двократен шампион на организацијата во полутешка категорија (до 93 кг). Тој е најмладиот шампион во историјата на УФЦ. Во неговата последна борба на УФЦ 247 во февруари 2020 година Џонс го победи сонародникот Доминик Рејес со едногласна одлука.

Легендарниот борец бараше повеќе пари од УФЦ, а очигледно Дана Вајт го одврза ќесето откако имаше договор за 8 борби. Останува да видиме како ќе се одвива кариерата на Џонс во тешка категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО