Милан Трендов го потврдува талентот – сребро на „Ландесмајстершафт” во Келн (ФОТО)

Борачот Милан Трендов (-71 кг) го потврдува талентот на сите настапи, денес на големиот Меѓународен турнир „Ландесмајстершафт” во Келн, Германија, во конкуренција до 17 години во слободен стил го освои сребрениот медал.

Да потсетиме дека вчера го зазеде четвртото место во категоријата до 67 кг до 20 години во грчко-римски стил.

Милан е син Благој Трендов, кој е и негов тренер во Германија, инаку поранешен борач на Спартак од Кочани.

Милан настапува за екипата на Вардар. Тој на Изборното првенство за У-17 што се одржа изминатиов викенд во Радовиш го освои златниот медал во категоријата до 65 килограми.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО