Се множат успесите на Мила Рељиќ – освои бронза на Г2 турнир во Талин

Mакедонската таеквондистка Мила Рељиќ оствари нов голем резултат откако го освои златниот медал на Европското клупско првенство во Талин, Естонија.

Рељиќ се закити со нов медал светските турнири од Г2 серијата, овој пат бронзен на „Талин опен“. Во овој натпревар учествуваа повеќе од 50 земји од цел свет, истакнува тренерот на Мила, Александар Ефтимов.

Поради одличната ранкинг позиција на светската листа нашата натпреварувачка во првото коло беше слободна, а во второто коло ја победи Тамер Таја од Египет со пресврт и 2-1 во рунди.

Во четвртфиналето полесно од очекувањата ја совлада Лејла Палсер од одличната Британска академија со 2-0 во рунди.

Во полуфиналната борба Рељиќ беше тесно поразена од високата Кореанка Жу Мин Квак. Со ова македонската таеквондистка ја продолжи низата на медали, бронзен во јуни во Загреб, златен во Израел пре две недели, и најважниот златен медал на Европското клупско првнество одржано пред два дена, исто така во Талин, Естонија!

Матичниот клуб на Мила ТК „Тигри“ – Скопје упатува благодарност до Македонската таеквондо федерација за подршката и одличното бодрење од трибините.

Да потсетиме дека на истиот турнир Филип Додевски и Анамарија Георгиевска освоија златни медали, така Македонија со три медали на Г2 турнирот во Талин се покажа во најдобро светло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО