Пет медали за џудо ветераните на отвореното Меѓународно првенство Босна и Херцеговина

Успешен настап на македонските џудо ветерани на отвореното Меѓународно првенство во Шипово, Босна и Херцеговина, освоија 5 медали – 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен. 

Медалите ги освоија:

  1. Киро Здравески – златен
  2. Сашо Димовски – бронзен
  3. Мартин Ристески – сребрен
  4. Никола Божиновски – сребрен
  5. Златко Кочевски – златен

На ова меѓународно натпреварување му претходеше џудо кампот за ветерани кој траеше од 24 до 27 август, на кој активно партиципираа нашите џудо  ветерани.

Селекцијата ја предводеше Киро Здравески кој е воедно и селектор на ветеранската репрезентација на Македонија. Тој оствари и важни состаноци со претставници на џудо ветераните од БиХ, Србија, Хрватска и Австрија со цел идна соработка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО