Златен медал за Мила Рељиќ Европското клупско првенство во таеквондо во Талин

Македонското таеквондо повторно донесува врвни успеси на меѓународната сцена, по Дејан Георгиевски кој се закити со титулата европски шампион, во женска конкуренција златен медал освои Мила Рељиќ.

Рељиќ константно бележи добри резултати на турнирите, а досегашниот вложен труд се исплати и со освојување на европска клупска титула во поединечна конкуренција.

Нашата таеквондистка на Европското клупско првенство во Талин, Естонија, е првопласирана во категоријата сениорки -62 килограми.

Како што информираат од Таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, по четири борби Рељиќ стигна до златото.

Беа остварени победи над натпреварувачки од Италија, Украина, претставничка од Египет која е членка на европски клуб и во финалната борба Мел Мина од Еквадор која тренира во Тортоса, Шпанија, поради повреда ја предаде борбата. И пред две недели беше совладана Мел Мина во финалето во Израел.

„Благодарност до Македонска таеквондо федерација чија огромна поддршка ни помогна многу до успехот за европски медали“, велат од ТК Тигри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО