Златни медали за Додевски и Георгиевска во Талин и приближување кон олимписката норма за Париз 2024

Македонското таеквондо носи нови големи резултати на меѓународната сцена, веднаш по Европското клупско првенство, во главниот естонски град се одржа и Г2 меѓународен светски куп.

Филип Додевски во Талин освои златен медал со две победи над натпреварувачи од Британија и Полска. Додевски обезбеди нови важни 20 бодови и доближување кон олимписка норма за Игрите во Париз 2024.

Со злато се закити и Анамарија Георгиевска со три победи, против една натпреварувачка од Естонија и две од Германија.

И Георгиевска направи важен чекор со 20 бодови кои ја доближуваат кон настап на следната Летна Олимпијада.

Од практични причини, стручниот штаб донесе одлука на овој турнир да не настапи Дејан Георгиевски кој доби одмор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО