Куратновиќ: Незаконски избраниот генерален секретар на КФРСМ, Зоран Ѓоргевски, е сменет

Врз основ на Записник за извршен инспекциски надзор  бр 14-635/2 од страна на Инспекциската служба на Агенцијата за млади и спорт, Карате федерација на Македонија  донела  Одлука со која ја поништува својата претходно незаконска  Одлука за избор на генерален секретар на КФРСМ  Зоран Горгевски. Одлуката за изборот на Зоран Горгевски за Генерален секретар не е во согласност со член 14 ставовите 8,9 и 10 од Законот за спорт.

Јавноста, а посебно спортската, вклучувајќи ги и сите оние субјекти кои се професионално задолжени за спроведување на Законитоста во спортот, дека сите ние треба да ја препознаеме сопствената одговорност и да преземаме иницијативи за да би делувале на ситуациите кои не се во согласност со начелата, принципите и законите на спортот со што би имале реална наместо имагинарна правда .

Изборот на Зоран Ѓоргевски за генерален секретар на КФРСМ, како што може да видите, е уште една незаконита Одлука на ИО на КФРСМ. Обидите да се укаже на вакви незаконски пропусти, за жал, немаат добар прием кај актуелното раководство на Карате федерацијата. Па, легалистичкиот јазик е единствен избор на комуникација со нив. За жал, на редовното годишно Собрание лично станав и го прашав Ѓоргевски во која улога е на ова собрание со оглед дека 80 % од работата тој го водеше и одговараше. Одговорот беше дека со Одлука на ИО на КФРСМ е избран за генерален секретар, за што знаев дека не е во согласност со Законот за спорт. Но, како што кажав, нашата нереспектабилната комуникација, а и атмосфера на неприфаќање ништо предложено од клубовите кои се спротиставени на актуелното раководство и барат спроведување на одредбите од законите и еднаков третман во матичната федерација. Човек кого претходно исклучително го почитував поради мислењето дека е познавач на законите и се грижи за доследно спроведување на истите,  мислев дека му е исто така важен  и  човечкиот фактор, кој во еден период беше отстранет од федерацијата, па сега повторно вратен го покажа токму спротивното .

Нашите долгорочни проблеми нема да се решат со краткорочни решенија во федрацијата. Треба да се има отвореност и желба за разбирање, како би ги надминале разликите во размислувањето и делувањето, мислам дека не е ниту навредливо ниту омалуважувачки да се натера некој на одговорност. Нашиот проблем и не е толку голем, во позадина е сведен само на еден човек кој има нереално чуство за сопственото јас и најверојатно некои скриени мотиви, за кои многумина не се во можност да ги сoгледаат .

Во својство на предлагач на Деловник за работа на Собранието, законски усогласувања за  составот на ИО (два правника и два економисти), заштита на спортисти и тренери од дискриминација (три утврдени дискриминации од КСЗД), и серија други укажувања кои придонесоа за подобро и правично работење на федерацијата, ако тука се додадат моите спортски достигнувања и како натпреварувач и како тренер, неправедно е и срамно да сум суспендиран и постепено да се уништува КК Кеикс кој го водам јас. Ако треба да ја свиткам главата и молчам, тоа никогаш нема да се случи .

За крај сакам да посочам дека на последното редовно Собрание се донесени уште серија незаконски измени од кои некои се и во спротивност на Европска конвенција за човекови права за кои е поребно да се поведат постапки за истите да се отсранат, што во пракса е долг процес. Иако се утврди дека сме во право, никако нема да ги отстранат направените последици.

Пишува Елвир Куртрановиќ – тренер на КК Кеикс

(Овој став го изразува личното мислење на авторoт и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО