КК Автокоманда покажа дека има иднина во карате подмладокот

Карате клубот Автокоманда покажа дека има иднина во карате подмладокот, откако Државното првенство за деца го завршија со одличен успех освојувајќи седум медали – 4 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Државното првенство се одржа во Гевгелија со учество на 310 деца од 48 клубови.

Медалите ги освоија:

Дора Илијевска – златен, -37кг до 10 год.
Калина Христовска – златен, -40кг до 11 год.
Филип Кузмановски – златен, -40кг до 10 год.
Максим Блажовски  – златен, -35кг до 10 год.
Тома Петров – сребрен, -40 кг до 11 год.
Иван Лазаревски – бронзен, -40кг до 11 год.
Михаела Филиповска – бронзен,  -49 кг до 13 год.

„И Андреј Терзиски, кој е могу добар натпреварувач, несреќно изгуби. За овие успеси има голем придонес и поранешниот тренер Иво Цветковски“, вели за подемот на Автокоманда тренерот Гоце Петров и нагласува:

„Со 8 натпреварувачи на КК Автокоманда освои 7 медали на национално ниво. Ова се плејада од многу дисциплинирани деца спортисти кои во иднина ќе ја радуваат и гордеат нашата татковина Македонија“.

КК Автокоманда покажа дека има иднина во подмладокот и нема да застане тука. Клубот се засили со двајца нови тренери покрај главниот тренер Гоце Петров, тука сега се Крсто Мишев и Стефан Костиќ поранешни натпреварувачи со одличен квалитет.

„Следниов период ќе престојат подготовки за претстојното Балканско првенство за деца кое ќе се одржи во Истанбул, Турција и се надеваме на медал, а потоа стапуваат на сцена кадетите“, вели Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО