БоксОстанато

Американска боксерка загина во сообраќајна несреќа

Американската боксерка Хана Рап загина на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа во Тексас.

Трагедијата се случила додека таа возела велосипед, на наеа налета автомобил, а последиците биле фатални.

Според соопштението од канцеларијата на шерифот на округот Бразос, Хана Рап возела велосипед кога била удрена од автомобил. 31-годишниот возач, Чарлс Медина, бил уапсен и обвинет за убиство од небрежност.

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, се збогува со младата боксерка.

„Таа беше исклучителна боксерка, а пред сè драгоцен член на нашето боксерско семејство. Сочувствуваме со нејзините најблиски, тимот и сите што имаа привилегија да ја познаваат и да ја поддржуваат за време на нејзината одлична кариера“, изјави Сулејман.

Хана Рап минатиот месец се бореше за светската титула во пердув категорија на ВБЦ против Тијара Браун, но загуби со едногласна одлука. Пред тој меч, таа имаше осум победи и едно реми во своите први девет професионални настапи.

Во својата кариера, таа ја освои и титулата шампион на Северноамериканската боксерска федерација.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON