Како би требало и како не би требало да се однесуваат родителите на децата спортисти

Ако во изминатиот период пишувавме за некои критериуми кои треба да ги исполнуваат клубовите, стручните лица (тренерите), па спрема тие карактеристики родителите да бираат кому да го доверат своето дете, сега во овој дел ќе дадеме краток оппфат како би требало и како не би требало да се однесуваат родителите на децата спортисти.

Позитивен пример на родител т.е. добар родител на дете спортист:

  • Го поддржува тренерот
  • Му дозволува на детето да носи одлуки
  • Го поддржува своето дете
  • Му дозволува на детето да тренира и да се забавува
  • Го поддржува своето дете, а истовремено им аплаудира и на другите
  • Претставува пример како се дава поддршка
  • Ги почитува претпоставените лица во спортот
  • Ги почитува противниците
  • Ги поддржува насоките и задачите дадени од тренерот
  • Му дозволува на детето да биде самостојно
  • Посакува неговото дете да ги извлече сите поуки и бенефити од спортот.

Негативен пример т.е  лош родител на дете спортист:

    1. Постојано се конфронтира со тренерот
    2. Постојано има свои забелешки
    3. Го критикува своето дете
    4. Со своите постапки го става детето во незавидна положба
    5. Го споредува своето дете со останатите спортисти
    6. Јавно демонстрира негативно поведение
    7. Не ги почитува претпоставените лица во спортот
    8. Се конфронтира со спортистите и родителите од противничкиот клуб
    9. Не ги почитува насоките и задачите од тренерот на неговото дете
    10. Тој го насочува детето како да постапува при игра/борба во спортот
    11. По секоја цена сака неговото дете да биде победник.

Оттука произлегува заклучокот дека спортската активност и исполнувањето на целите на сите спортски работници и спортисти (освојувањето на што подобри резултати) е еден долгорочен процес во чиј сиџир, покрај другите услови, битен фактор се и родителите на децата спортисти.

Пишува:
Дејан Мицкоски – 2 дан, џудо тренер и член на Дан комисијата при ЏФРСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО