Силвио Мировски го ноакутира Митровиќ, Варадинова поразена

Силвио Мировски го нокаутира противникот Вук Митровиќ (БиХ) во вторта рунда на настанот за светската титула на ВАКО Про во К1 меѓу Бобан Илиоски и Берк Дузенли вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

За разлика од Мировски, Викторија Варадаинова загуби со ТКО. Теодора одлично ги пресекуваше нападите на нашата кикбоксрека и задавше удари.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината за 2023 година.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1 0-3 ТКО Р2
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори 3-0 КО Р2
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО