Марија Димовска убедлива против Обрадовиќ

Настанот за светската титула на ВАКО Про во К1 Бобан Илиоски-Берк Дузенли вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го отвори мечот меѓу талентиранта битолчанка и репрезентативка на Македонија Марија Димовска – Марија Обрадовиќ од Србија во лоу кик за постари јуниори.

Димовска беше поакативна, а во втората и третата рунда супериорна. Во средината на третата Обрадовиќ беше пред ноакут.

62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0

 Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик
73 кг Лоаи Сакаш (Србија) – Александар Милошевиќ (Србија) К1
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО