Кој се грижи за тренерот?

– Тренерот ја има привилегијата да ги тренира своите ученици и од нив да гради личности

– Тренер е само оној кој истовремено и учи да се развива во спортот. Без разлика дали е избран или не, тој одзема драгоцено време од животот на своите ученици како што и тие одземаат од неговиот;

-Тренерот е личноста на која можете да ја делегирате грижата за вашите деца, свесно ќе придонесете да бидат посилни, побрзи, издржливи, подобри како спортисти, но и како личности;

Сите знаеме дека постојат голем број тренери кои сакаат да го развиваат и унапредуваат најдоброто во вас;

Многу од нив се лутат на спортистите за нивно добро. Тие понекогаш ви викаат затоа што знаат дека можете да дадете многу повеќе. Тие се оние кои во одредени моменти чувствуваат дека работите тргнале наопаку и тогаш се возбудени повеќе од било кој;

– Тренерот е тој кој се грижи за него и за сите спортисти од тимот, за вашето физичко и емоционално здравје, бидеќи секој добар тренер знае дека најдобриот исход или успех доаѓа само преку добра емоционална рамнотежа;

– Се наметнува прашањето кој се грижи за ТРЕНЕРОТ?

– Дали навистина се цени неговата работа?

– Дали сме свесни за интелектуалната посветеност зад неговата работа ( литература, книги, истражувања, семинари, обуки….)

– Дали се цени времето кое тој го жртвува ( своето семејство,  деца, пријатели, празници и одредени настани) за да се грижи и посветува за другите?

– Дали го цениме трудот што еден тренер го прави за вашите деца, често пати далеку од неговата реална задача? Зошто понекогаш некои се однесуваат кон него без почит?

– Да тоа е и човекот кој им помага на вашите деца да се запознаваат и почитуваат едни со други!

Пишува
Ментор-тренер на ЏК Сеишин Прилеп и носител на црн појас 4 дан и член на Дан комисијата и Стручниот совет при ЏФСМ Дејан Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО