Усик и Џошуа го имаа првото соочување во пресрет на реваншот (ВИДЕО)

Реваншот меѓу Александр Усик кој ги брани појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија и Ентони Џошуа ќе се одржи на 20 август во Саудиска Арабија.

Украинскиот боксер ги освои титулите во септември минатата година кога со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа на спектакл во Лондон.

Британецот е убеден дека во реваншот ќе ги врати шампионските титули.

„Гладот ​​е сè уште присутен, а не недостасува и мотивација. Се уште сакам да ги обединам титулите. Беше само мал сообраќаен метеж. Фокусирани сме на целта. Ако е божја волја, по трет пат ќе станам светски шампион во тешка категорија“, изјави Ентони Џошуа.

Џошуа во кариерата има 24 победи (22 нокаути) и има два порази, во јуни 2019 година од Енди Руиз Јуниор и вториот од Усик.

Кога ги загуби појасите од Руиз, веднаш ги врати во реваншот. Реваншот беше организиран во Саудиска Арабија. Во истото сценарио е убеден и Британецот.

„Многу луѓе видоа дека работите не беа сто проценти пред борбата против Енди Руиз. Што се однесува до борбата против Усик, тој ме победи во некои рунди. Морам да бидам силен за да прифатам. Бев лош на последниот меч, а тој не. Во следната борба ќе ги смениме улогите“, изјави Ентони Џошуа и додаде:

„Не сакам да ги комплицирам работите. Понекогаш генијалноста лежи во едноставноста. Мора да бидете силни и да го прифатите поразот. И кога ќе изгубиш, само треба да продолжиш понатаму. Знаев дека ќе се вратам. Наскоро пак ќе бидам во рингот“.

Усик и Џошуа ја имаа првата пресметка во пресрет на реваншот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО