Тајсон Фјури тврди дека Усик е многу подобар боксер од Џошуа

Неодамна шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури изјави дека воопшто не го интересира мечот меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа, на кој Украинецот ги брани појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, и дека нема да го гледа и да боксираат во неговиот роден град Моркамб.

Но, го коментираше нивниот судир, кој ќе се случи на 20 август во Саудиска Арабија.

„Џипси кинг“ го потврди своето пензионирање по неодамнешната победа против Дилиен Вајт, но се појавија гласини дека го чека исходот од мечот меѓу Усик и Џошуа и дека би можел да боксира со освојувачот на титулата на крајот на годината.

Во пресрет на нивниот реванш, Фјури истакна дека Украинецот е многу подобар боксер од Џошуа.

„Усик не удира силно, но одлично се движи. Секогаш е пред вас и сака да ве удри. Џошуа може силно да погоди и тоа е тоа“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Мислам дека Усик е преголем залак за него. Тој е премногу паметен и брз. Тој е едноставно подобар боксер од Ентони“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО