Кикбоксерите на прием кај директорот на АМС Наумче Мојсовски (ФОТО)

Кикбоксерите денес имаа прием во Агенцијата за млади и спорт кај директорот Наумче Мојсовски по големиот успех на Балканското првенство во Краљево, Србија, на кое освоија 61 медал – 16 златни, 26 сребрени и 19 бронзени, при што нашата репрезентација во вкупниот пласман беше втора зад Србија со 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзени.

Освен тоа, претеседателот на Кик бокс маи таи федерцаијата на Македонија, Дејан Митровски беш избран за претседател на ВАКО Балкан федерацијата, што е огромно признание за македонскиот кикбокс и, воопшто за македонскиот спорт.

Директорот Мојсовски позитивно ги оцени настапот на нашите кикбоксери и изборот на Митровски за прв човек на Балканската федерација. Мојсовски вети помош за кикбокс селекцијата и изрази подготвеност да ги поддржи активностите нашата федерација во организацијата на големите меѓународни првенства. Според него, тоа ќе биде голема афирмација на Македонија.

„Благодарност до директорот за големата поддршка што ја добиваме секогаш од Агенцијата за млади и спорт, а таа е клучот да можеме и понатаму во иднина да остваруваме вакви резултати. Директотот ни честита за успехот на репрезентацијата, како и мојот избор за претседател на Балканската федерација  и ми посака успех и поддршка. Притоа не рече дека секогаш Агенцијата ги поддржува оние кој работат за спортот и носат резултати, изјави претседателот на КМФМ“, Дејан Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО