Mојсовски му додели плакета на каратистот Љупче Михајлов

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денес оствари средба со каратистот Љупчо Михајлов кој освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржа во Прага, Чешка.

Директорот Мојсовски на Михајлов му посака успеси во неговата понатамошна кариера, а во оваа прилика му врачи и плакета за постигнатиот резултат на ова Европско првенство.

На приемот присуствуваа и клупскиот тренер, како и селекторот на македонската репрезентација за кадети и јуниори Александар Кузмановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО