Инстинктивна самоодбрана – улична самоодбрана со Златко Неделковски (ВИДЕО)

Инстинктивната самоодбрана – позната и како улична самоодбрана е наменета за луѓе кои што не практикуваат боречки вештини и спортови воопшто. Самоодбраната во основа се состои од три дела, така да во вториот дел има техники кои што се наменети за спортисти како и лица кои работат на обезбедување имоти и лица. Додека третиот дел е за службени лица (полиција – армија – специјални безбедносни единици).

Кога зборуваме за Инстинктивната самоодбрана или улична самоодбрана треба да се истакне дека дека во основа тоа е „будење” на нешто што секој човек го има во себе како Инстинкт кој низ годините и модерниот начин на живеење го потиснал – поточно подзаборавил. Затоа и говориме дека таа е наменета за луѓе кои што не практикуваат боречки вештини и спортови воопшто. Бидејќи Инстинктивната самоодбрана не е техника – боречка вештина или спорт, туку природна реакција на жртва од напад од поединец или група се со цел да преживее т.е. прво и основно го минимализира ефектот од соочување, како примарната цел не е да влеземе во физичка пресметка со напаѓачот туку да ја избегнеме ситуацијата.

Инстинктивната самоодбрана низ низа примери кои откако ќе ги погледнете веднаш ќе констатирате дека од некаде ви се познати но сте ги подзаборавиле. Модерното време со себе донесе и зголемен број на напади врз граѓаните кои освен сигурноста која ја имаат од безбедносните служби треба да се навратат и на сопствениот инстинкт.

Инстиктивната самоодбрана се состои од 5 фази и тоа: Превенција, Комуникација, Пристап, Проценка, Реакција т.е. Реализација. И кога сите фази ќе се реализираат по ред – тогаш ефективноста ќе биде на високо ниво.

Пишува: Златко Неделковски – мајстор на боречки вештини и спортови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО