Никола Миљковиќ подобар од Димитар Ѓоргиев

Трикратниот светски и европски шампион, македонскиот кикбоксер Димитар Ѓорѓиев на настанот за светската титула на ВАКО Про во К1 меѓу Бобан Илиоски и Берк Дузенли вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје загуби со судиска одлука од Никола Миљковиќ од Србија.

Ѓоргиев сигурно се избори во првата рунда задавајќи лоу кикови и високи удари кои ги поврзуваше со крошеа. Во втората Диме не се покриваше довлно добро и се најде во нокдаун на работ на прекин.

Во третата видно изморени, но и под влијание на нокдаунот, Диме, на кого му скандираше цела сала, се обиде да извлече повеќе. Сепак, Србинот искусно ја приведе борбата до крај.

Борбата меѓу Лоаи Сакаш (Израел) и Александар Милошевиќ (Србија) во К1 заврши со победа на српскиот кикбоксер. Тие водеа тактичка борба и не се впуштаа во поголема размена на удари.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1
85 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Миљковиќ (Србија) лоу кик 0-3
73 кг Лоаи Сакаш (Израел) – Александар Милошевиќ (Србија) К1 0-3
75 кг Максим Митровски – Алекса Павловиќ (Србија) К1 постари јуниори 3-0
86 кг Узеир Нелсон – Лазар Татиќ (Србија) К1 2-1
63 кг Викторија Варадинова – Теодора Видиќ (Србија) К1 0-3 ТКО Р2
71 кг Силвио Мировски – Вук Митровиќ (БиХ) лоу кик постари јуниори 3-0 КО Р2
62 кг Марија Димовска – Марија Обрадовиќ (Србија) лоу кик постари јуниори 3-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО