БК Вардар: Одлуката е нестатутарна, нема писмен извештај и иницијатива за покренување постапка!

Dalibor Milanovski
Халил Зубаиров и Далибор Милановски-претседател на БК Вардар

Боречкиот клуб Вардар во демантот упатен до медиумите, Управниот одбор на Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) и Дисциплинската комисија се вели дека е донесена нестатутарна одлука, со која УО е доведен во заблуда од усното раскажување на потпретседателот (Бетим Вренези-н.з.).

            „БК Вардар се изненади од неукоста на УО, без да се презентира и даде пишан извештај, без точка на дневен ред околу Европските игри во Баку, усно се искажани одлуки“, се вели во демантот на БК Вардар и се потенцира дека на тој начин постапката е  изрежиран, односно се немало право за суспензија од потпретседателот и УО на ФБСМ, како и тоа дека немало материјал за дискусија (напис од порталот ИПОН https://ipon.mk/?p=8212) и статија од напис (https://ipon.mk/?p=8263) во која се вели:

„Нема никакво барање од ЕОК, но точно е дека потпиша изјава со која се откажува од каква било функција во македонското борење. Ова поради фактот што на Европските игри во Баку во олимпиското село го видовме Пешко во српска тренерка, иако МОК му ги покри трошоците за подготовки и пат. На Пешко му дадовме и опрема со македонски обележја, но не пречека изненадување во Азербејџан. Моравме брзо да реагираме и тој ја потпиша споменатата изјава која по службена должност ја проследивме до ФБСМ, на нивно барање,“ изјави вчера за sportmedia.mk генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

„Вардар докажува и го демантира искажаното од Вренези и Поповски, кои си противречат еден на друг и се докажува дека нема нема никаква основа за казна од ЕОК, а, околу спортската опрема со МКД обележја, нека потврди лицето што ја подигнало „дека само на Пешко опремата се изгубила на аеродромите“.

 БК Вардар тврди дека била прочитана само изјавата потпишана од нашиот шеф на стручен штаб проф. Љубиша Пешко, со умисла сакаат да се доведат во заблуда раководството на УО и пошироката јавност, со цел да се отстрани и суспендира и отстрани најдобриот боречки тренер и стратег. Но, со постапката и начинот на презентација: формата е изгубена, нема основ за одлука, нема пријава и начинот е нестатутарен, без да се знае зошто е дадена изјавата и што се бара со истата.

Воедно за настапот на Европските Игри во Баку 2015 тренерот Пешко доставил извештај до ФБСМ, од кој се гледала компетентната и професионална и стручна личност.

 Дали е ова благодарност за постигнатите резултати, прашуваат од Вардар.

Резултатите биле видливи, односно Вардар се изборил за 3 места од можни 5 кандидати за освојување на олимписка норма.

 Ниту претставниците на МОК, ниту од ФБСМ доставиле писмен извештај за Игрите во Баку, ниту пак имало некакви информации за настанот или за „изрежираната“ случка од актерите од кои би произлегла причината за пријава, истакнуваат вардарци во демантот.

 „Од седницата и постапката се гледа дека одлуката е нерегуларна, официјалните лица не ги разбираат и почитуваат правилниците на комисиите на ФБСМ, бидејќи официјално нема  писмен извештај и пријава за покренување на дисциплинска постапка“.

Од Вардар потенцираат дека по инструкции и планска и систематска активност на координаторите (Могамед Ибрагимов, Страшо Глигоров, Гајдар Гајдаров) и тренерот проф. Љ. Пешко, со сопствени средства, енергија, инвентивност и креативност работеле на создавање врвни спортисти и членови на македонската репрезентација, кои се главен костур на македонската олимписка репрезентација.

Врз основа на ваквите аргументирани согледувања, дополнително ќе поднесат барање за професионален ангажман со договор на дело и назначување на Љубиша Пешко за селектор на државните репрезентации во борење.

 ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО