МОК: Пешко без наше знаење барал акредитација и за друга држава!

 

Boracite vo MOK pred EI

„Лицето со име Љубиша Пешко (Ljubisha Peshko) беше пријавено од страна на МОК, а истото лице било пријавено и од страна на Олимпискиот комитет на Србија како Љубиса Песко (Ljubisa Pesko)“ се вели во дописот на Националниот олмсписки комитет на Азербејџан до Македонскиот олимписки комитет (МОК) во врска со случајот суспензија на селекторот во грчко-римски стил Љубиша Пешко по двојната акредитација на Европските игри во Баку.

„Во врска со ситуацијата поврзана со Љубиша Пешко, членот на делегацијата на Олимпискиот комитет на Србија на Европските игри во Баку, објавена во електронските медиуми“, МОК излезе со официјално соопштение.

„На предлог на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), МОК обезбеди акредитација за учество на ЕИ БАКУ 2015, на Љубиша Пешко како официјално лице. Да појасниме дека на Европските и Олимписките игри сите тренери се водат како официјални лица. На денот на самото доаѓање во Баку, МОК беше официјално известен и предупреден од страна на Организацискиот комитет на Европските игри дека се појавила двојна акредитација на едно исто лице, со две различни имиња и два различни пасоша и дека оваа ситуација е недозволива и дека овој момент мора под итно да се разреши.“

Baku reakcija za pesko

„Лицето со име Љубиша Пешко (Ljubisha Peshko) беше пријавено од страна на Македонскиот олимписки комитет, а истото лице било пријавено и од страна на Олимпискиот комитет на Србија како Љубиса Песко (Ljubisa Pesko). Затоа што наведеното лице премолчело, односно без знаење на МОК барал и втора акредитација од друга држава. Љубиша Пешко беше повикан во канцеларијата на МОК во Баку за да се произнесе во однос на целата ситуација и уште еднаш беше запрашан за неговата конечна одлука, односно за која држава ќе настапува на ЕИ БАКУ2015. Тој без размислување се изјасни дека ќе настапува за селекцијата на Србија и ја потпиша изјавата со која се откажува и од репрезентацијата и од акредитацијата.“

„Оваа изјава тој ја потпиша во присуство на шефот на делегацијата на МОК, Владимир Богоевски, кој го има главниот збор во вакви ситуации на Европските игри, како и во присуство на генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, претседателот на ФБСМ Чедо Николовски и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вранези. По ова, на Љубиша Пешко му беше поништена македонската акредитација, издадена од страна на Организацискиот комитет. За целата ситуација информирам е и Олимпискиот комитет на Србија, кој до МОК испрати објаснување.“

„Информираме и дека МОК во целост го плати учеството на македонската боречка репрезентација на Европското првенство во Полска (под 23 години), но и дополнително ги плати авионските карти на Љубиша Пешко и на другите натурализирани руски борачи, меѓу кои и на српскиот борач Ефендиев кој беше спаринг-партнер на Зубаиров, кој самоиницијативно и без знаење на МОК допатува во Скопје, за да го прослават бронзениот медал на Халил Зубаиров. МОК ги покри и сите трошоци за Љубиша Пешко за пат и учество на ЕИ Баку 2015. МОК исто така ги плати и посебните подготовки на Халил Зубаиров во Русија пред почетокот на ЕИ, на барање на ФБСМ, односно на барање Љубиша Пешко“.

„За одлуката на ФБСМ за суспензија на Љубиша Пешко дознавме од јавните гласила, бидејќи тоа е внатрешен проблем на ФБСМ, а и МОК до овој момент нема добиено официјална информација за таква одлука. Сакаме да потенцираме дека ниту едно официјално лице не може да добие или да си ја препише наградата која спортистот заслужено ја добил. Врвниот спортски резултат секогаш ќе биде најголема заслуга на самиот спортист и неговиот тренер“.

„Настапот за македонската репрезентација секогаш треба да биде најголема чест за секој поединец или репрезентација. Да веруваме дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на вакви нечесни и немили случаи без преседан во глобални олимписки и спортски рамки,“ се вели во соопштението на МОК.

ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО