Бетим Вренези за Пешко: Ние не го суспендиравме, тој самиот се суспендира!

2015-06-06 13.07.13

Потпретседателот на Федрацијата за боречки спортови на Македонија(ФБСМ), Наим Вренези, реагираше во врска со суспензијата на селекторот на репрезентацијата во грчко-римски стил, Љубиша Пешко, по обвинувањата кои стигнаа на нагеова адреса. Имено, Пешко имал двојна акредитација, а потоа кога бил ставен да бира која репрезентација ќе ја води Европксите игри во Баку, Азербејџан, тој се одлучил за српската, за да го води вардаровиот борач Ефендиев.

Вренези вели дека вториот ден кога стигнале во Баку до шефот на делегацијата Владимир Богоевски стигнало известување дека нашиот селектор е регистриран за две репрезентации, по кое се реагирало.

„Јас и претседателот Чедо Неколовски не донесовме одлука да го суспендираме, туку да го слушнеме неговото мислење по дојавата од Олимпсикиот комитет на Азербејџан дека Љубиша Пешко е акредитиран за две репрезентации-Македонија и Србија. Тоа го направивме заедно со нашите претставници од Македонскиот олимписки комитет (МОК), Сашо Поповски и Владимир Богоевски. Тој дојде кај нас со опрема на српската репрезентација. Го прашавме да се изјасни за која репрезентација ќе настапува, односно ќе ја води. Ние не го суспендиравме, тој самиот се суспендира“, вели потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, по обвинувањата од Пешко дека тој и Поповски му ја сместиле целата работа.

Вренези истакнува дека Управниот одбор на ФБСМ ја предал одлуката на Дисциплинската комисија за да одлучи за неговиот чин.

„УО зазеде став дека тоа не е добар чин и дека не е фер пред МОК, ниту за борењето во Македонија. Тоа е тотално непочитување на хиерархијата во Федерацијата и на другите институции што не помагаат“, истакнува Вренези.

Откако се определил да ја води репрезентацијата на Србија, Вренези и Николовски одлучиле нашиот репрезентативец во грчко-римски стил да го водат Лулзим Вренези и Николај Корнеев.

Izjava

На обвинувањата од страна на Пешко дека Федрацијата не му ги исплатила парите потрошени за подготовките на борачите вели:

„Сите долгови му се платени, а е платен и авионскиот билет до Скопје на српскиот репрезентативец Ефендиев, кој му беше спаринг партнер на Халил Зубаиров за Европското првенство во У-23 во Полска“.

Го прашавме Вренези дали му беше укажано на Пешко дека не може да настапува за две репрезентации?

„Тоа му го кажаа Николовски и шефот на делегацијата Владимир Богоевски“.

Според потпретседателот на ФБСМ, суспендираниот селектор максимално ги користел деновите во Македонија да биде присутен во МОК, за разлика од него, кој до сега бил само два пати таму. Затоа смета дека обвинувањата за ненаков заговор од негова страна и од генаралниот секретар на МОК, Сашо Поповски, се неодржливи.

mok-sobranie-banskoliev-(32)

Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, кој беше дел од делгацијата во Баку е со идентични ставови со Вренези за случувањата во Баку, при што нагласи дека по потпичувањето на изјавата дека ќе ја води српската репрезентација, тие случајот го пријавиле до матичната Федрација да преземе мерки во врска со овој случај. Со тоа нивната работа била завршена.

Нема никакво барање од ЕОК, но точно е дека потпиша изјава со која се откажува од каква било функција во македонското борење. Ова поради фактот што на Европските игри во Баку во олимпиското село го видовме Пешко во српска тренерка, иако МОК му ги покри трошоците за подготовки и пат. На Пешко му дадовме и опрема со македонски обележја, но не пречека изненадување во Азербејџан. Моравме брзо да реагираме и тој ја потпиша споменатата изјава која по службена должност ја проследивме до ФБСМ, на нивно барање,“ изјави вчера за спортмедиа.мк генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Се очекува целата ситуцаија да се разјасниидната недела кога Дисциплинската комисија ќе донесе одлука, а ФБСМ ќе одржи прес-конфернција.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON