Вренези му одговори на Стојанов: Не бевеме за надгласување, туку за доделување стипендии!

Betim vrenezi

Не бевме на седница за да се надгалсуваме, туку за доделување на стипендии, а селекторите присуствуваа затоа што тие најдобро знаеја кои борачи се најдобри. Затоа така изгледаше дека дошле повеќе луѓе, вели потпретседателот на Управниот одбор на ФБСМ, Бетим Вренези, по обвинувањата од членот на УО на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Горан Стојанов, претставник на Балканец.

Стојанов обвини дека на седницата биле само гласачка машина за нешто веќе е направено, а не што треба да следува. Тој истакна дека имало многу членови на Лирија кои ги фаворизирале нивните борачи за кадетското првенство на почетокот на август во Србија.

Вренези вели дека тоа изгледало така зашто на седницата присуствувале и селекторите, кои се од Лирија, но за друга работа.

„Селекторот одлучува кој ќе оди на подготовки. Борачите отидоа во Русе, а ние моравме да ја формализираме одлуката, затоа што се зависеше од Бугарската федерација. Кога не известија ние за брзо време го свикавме УО и ја формализиравме одлуката“, тврди Вренези.

Тој истакнува дека борачот од Штип во категоријата до 42 кг на Изборното првенство изгубил, а на Државното бил прв.

„Селекторот одлучи дека ќе им даде шанса на сите. Пред ЕП ќе има контролни борби, по кои ќе биде одреден состатвот“, нагласува потпретседателот на ФБСМ.

Стојанов, кој е и тренер во Балканец, присуствуваше и на седницата на Стручниот совет на ФБСМ, кога биле одредени кандидатите за одредени селекции.
„Уште на седницата на Стручниот совет реагирав на одредени неправилности кои се прават во Федерацијата. Уште пред двете седници, се било договорено, ние само бевме гласачка машина и надгласувани. На седницата присуствуваа поголем број членови на Лирија ,кои ги фаворизираа своите борачи. Донесените одлуки беа апсурдни. Се случи, кадетите веќе да се на подготовки во Бугарија, а ние да ги одредуваме патниците!? Во Бугарија заминаа 4 борачи на Лирија, еден на Бучим. Немаше место за наши две деца, државни прваци и едно од Неготино. Не утешија дека наводно ќе имало преборување пред Европското првенство. Не ни беше кажано кога ќе биде тоа преборување, а ЕП е на прагот, ќе се одржи од 4 до 9 август во Суботица…“– прашуваче Стојанов.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО