Тајсон Фјури ќе заработи 8 милиони долари од мечот со Кличко!

tasyn-furi

Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури (26) ќе се сретне со шампионот на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Владимир Кличко, при што ќе го заработи најголемиот хонорар во кариерата.

Според англиските медиуми хонорарот ќе биде во износ од 7.800.000 долари. Се уште не е објавено колкава ќе биде зарботката на Кличко.

Двајцата боксери ќе се сретнат на 24 октомври во Дизелдорф, Германија, на фудбалскиот стадион „ЕСПРИТ Арена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО