Пакијао е подготвен за реванш меч со Мејведер (ВИДЕО)

Mani udira na mejveder

Филипинскиот боксер, Мани Пакијао, истакна дека во текот на следната година ќе се врати на рингот. Последната борба Мани (36) ја загуби на поени од Американецот Флојд Мејведер на 2 мај во Лас Вегас. Подоцна стана јасно дека Филипинецот  против Мејведер се борел со повредено на рамо. По „мечот на векот“ во Лас Вегас, тој го оперираше повреденото рамо и сега е на рехабилитација.

„Подготвен сум наредната година да летам на реванш со Мејведер. Се е во ред и ќе издржам“, е краткиот коментар на филипинската ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО