Вренези: „Македонскиот бисер“ во Штип, суспензија за селекторот Љубиша Пешко!

Betim vrenezi

Потпретседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези, кој раководеше со денешната седница со Управниот одбор, информираше за две одлуки две дијаметрално спротивни одлуки.

pesko so zubairov i Hamikoev vo Baku
„Донесовме одлука идната година„ Македонскиот бисер“, 40 по ред, да се одржи во Штип. Исто така, на седницата беше суспендиран селекторот на македонската репрезентација во грчко-римски стил, Љубиша Пешко. Тој е предаден на Дисциплинската комисија, која треба да му изрече казна. Пешко на Европските игри во Баку бил пријавен како селектор на две репрезентации-Србија и Македонија. Тој со изјава се откажа од македонската репрезентација. На барање на Европскиот олимписки комитет бевме задолжени да го преиспитаме овој случај и да изречеме казни…“- изјави Бетим Вренези.

Дали ФБСМ е пред нов скандал?!

ipon.mk/К.М.-В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON