Кагава доаѓа специјално од Јапонија за семинарот во Охрид!

Kagawa jokogeri
Македонската карате шото организација (МКШ), која е сертифицирана членка на Јапонската карате шото федерација (ЈКЅ/ЈКС) соопштува дека по  долги преговори шиханот на ЈКС, Масао Кагава, прифатил да дојде во Охрид и да одржи двоен семинар. Тој во Македонија доаѓа специјално за семинарот, а потоа се враќа за Јапонија. 
Кагава во мај одржал споени дводневни семинари во сите земји од Европската унија, почнувајќи од Ирска, Шкотска, Англија, Франција, Холандија, Унгарија и други.
Тренинг кампот „Охрид интернационал 2015“ се одржува по 16 пат во Охрид во хотелот „Орце Николов“. Во склоп на него ќе се одржат два семинари. На првиот семинар (29 и 30 јули) со Кагава ќе се работат техники, кати и ВКФ натпреварувачки кати, а на вториот (2 и 3 август) техники, кумите и ВКФ натпреварувачко кумите.
Директор и директно одговорен за кампот и семинарот е Живко Дракуловски, претседател на МКШ и на Балкан ЈКС. Тој итакнува дека во наредните денови ќе соопшти повеќе поединости за семинарот поврзани со големиот мајстор Масао Кагава.
ipon.mk/В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО