ФБСМ ги одреди кандидатите за Светското првенство во Лас Вегас

Jasin-Ivanov na EP U23

На денешната седница на Управниот одбор на Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) беше одлучено дека кандидати за националниот тим за Светското првенство за сениори во Лас Вегас, САД, се Јасин Реџелари, Дејан Митров, Халил Зубаиров, Магомедбаги Нуров, Дејан Богданов и Бобан Данов.

„Не само за сениорите, туку и за сите други селекции ќе има пребoрување. Кандидати за СП за сениори во Лас Вегас се Реџелари, Митров, Зубаиров, Нуров, Богданов и Данов. За кандидатите во потешките категории ќе има преборување. Во категоријата до 57 килограми има уште еден кандидат, а тој доаѓа од Русија. Ако добие дозвола за настап од Руската Федерација, ќе настапи на СП. Што се однеува за СП и СП во Сараево и Суботица за кадети и јуниори, сигурни патници се Сејфулаи и Ријад Реџепи. За другите борачи ќе има преборување. Кадетите веќе се наоѓаат на подготовки во Бугарија“, рече Бетим Вренези, која ја водеше седницата во отсуство на претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски.

На седницата беа разгледани досегашните и идни активности на Федерацијата. Се анализираше извештајот од Европските игриво Баку. Во тие рамки беше истакнато дека тројца борачи прикажале добри борби, но, во иднина, пред сите важни меѓународни средби ќе мора да има преборување меѓу борачите, односно никој да нема резервирано место во репрезентацијата.
ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО