МОК сега ни ја соопшти вистината за наградите за Европските игри!

Screenshot 2015-07-06 16.12.54

Македонските каратисти ги добија премиите од по 1.500 евра за бронзените медали освоени на Европските игри во Баку, Азербејџан, но пред одењето беше премолчено дека парите се обезбедени од организаторот и од европските олимписки комитети

Иако на тогашната прес-конференција беше кажано дека МОК со помош на спонзори и пријатели обезбедил награди за освојувачите на медалите – 4.000 евра за злато, 2.500 за сребро и 1.500 евра за бронза, како и тоа дека ќе се наградат и други високи пласмани, од 4-тото до осмото место во поединечните спортови. Екипните спортови не беа спомнати, иако имавме екипа само во атлетика, но таа беше далеку од некој значаен фактор, туку беше аутсајдер.

На прашањето зошто целата работа околу наградите беше со доза на мистичност и држење на натпреварувачите на штрек и во исчекување, правејќи нервозна и демотивирачка атмосфера, денес на свечениот прием на Павлов и Несторовски во просториите на МОК, претседателот д-р Васил Тупурковски објасни за што станува збор.

„Ние на испраќање на делегацијата кажавме за премиите веднаш штом дознавме дека ќе има награден фонд. Немавме намера да ги креваме страстите, еве сега соопштуваме дека парите ги обезбеди организаторот, Олимписките комитет на Азербејџан и Европските национални комитети, на кои сме им благодарни,” рече д-р Тупурковски.

На овој начин Тупурковски го призна она што го пишуваше вчера Ipon.mk.

Baku lista nagradi

Македонија учествуваше со 45 спортисти на првите Европски олимписки игри, што се одржаа во јуни во Баку, Азербејџан. Најголем успех постигнаа каратистите Емил Павлов (до 60кг) и Мартин Несторовски (над 84 кг) кои освоија бронзени медали, а борачот Јасин Реџелари има пласман на осмо место, додека самбо борачот Бајро Машовиќ е петти.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО