Павлов и Несторовски добија по 1.500 евра за медалите од Европските игри!

Martin i Emil vo Mok po 1500 evra

Мартин Несторовски и Емил Павлов ја добија заслужената нагарада по 1.500 евра за освоените бронзени медали на Европските игри во Баку, единствените македонски спортисти кои се искачија на пиедесталот. Тие уште еднаш покажаа дека македонското карате е бренд на меѓународната сцена.

 Во нивна чест Македонскиот олимписки комитет (МОК) организираше прием по повод освоените медали. Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, и подари пригодни подароци (фотографии при освојувањето на медалите во карактеристична борбена поза), и признанија за премиите од по 1.500 евра, кои ги обезбеди организаторот на Игрите и европските олимписки комитети.

Претседателот на МОК истакна дека му се наполнило срцето, бидејќи македонските спортисти освоија медали.

„Се чувствувам пресреќен, многу ми е драго што токму на првите големи европски игри јас и Емил успеавме да оствариме вака голем резултат и успеавме да ја направиме горда целата македонска јавност. Горд сум на својот настап, се надевам дека и во иднина ќе постигнуваме големи резултати”, изјави Несторовски, кој настапи во категоријата над 84 килограми.

Павлов (-60 кг) посака каратето да ја афирмира Македонија и на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Емил (23) оптимистички гледа на својата иднина и карате спортот во Македонија.

„Впечатоците од овие Игри се прекрасни, презадоволни сме од настапот во Баку. Благодарност и до МОК, се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Дај боже во 2020 година каратето да влезе во олимпиското семејство, за македонската јавност да се израдува и на олимписки медал “, истакна Павлов.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО