Четири каратисти од Макпетрол избрани во најдобрите спористи на Град Скопје за 2025 година

Во свечена атмосфера, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, им оддаде
признание на најдобрите спортисти, тренери и спортски екипи на градот за 2025
година. Тој истакна дека нивните успеси се гордост за Скопје и силна мотивација
за младите генерации.
Настанот беше во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје.
Спортисти на Карате клубот „Макпетрол”, избрани за најдобри спортисти на Град Скопје за 2025 година
Од карате клубот Макпетрол четири спортисти влегоа во конкуренцијата за
најдобри. Тоа се Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Јована Мицовска и Данило Божовиќ.

Ангела Мојсовска избрана во група на најдобри сениорки;

Викторија Јовановска во изборот на најдобри сениорки;

Данило Божовиќ избран за постигнувања во јуниори;

Јована Мицовска во изборот за најдобри Јуниорки;



