АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Георгиевски по освојувањето на златниот медал на „Скопје опен Г1“: Задоволен сум, златото многу ми значи пред ЕП

Дејан Георгиевски на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен – Рамус Г1“ освои златен медал и најави атак на нова норма за учество на Олимписките игри.

Георгиевскии  прикажа врвни борби и го освои златниот медал во категоријата над 87 кг. Ова е извонреден успех и уште еден показател дека Георгиевски спаѓа во самиот врв на светското сениорско таеквондо.

„Од мојот настап сум презадоволен, одработив четири одлични борби и сите противници беа врвни таеквондисти. Златниот медал многу значи пред Европското првенство, кое ни претстои во мај, бидејќи ќе имаме подобра позиција на жрепката, а повеќе ми значи оти видов до каде сум со мојата форма и што треба да поправам до тогаш. А формата оди нагоре, одржавме едни подготовки во Крушево пред овој турнир, а пред настапот на ЕП планираме уште едни подготовки за да ја кренеме формата за уште некое ниво погоре“, изјави Георгиевски.

Македонскиот репрезентативец е член на ТК Бутел од Скопје, а Олимписки игри во Токио во 2021 година освои сребрен медал.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON