Зубаиров: Одиме на медал на Олимписките игри во Рио!

Zubairov vo AMS

Носителот на бронзениот медал од Европското првеснтво за борачи до 23 години во Полска, Халил Зубаиров, на денешната прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт се заблагодари за поддршката од сите Македонци кои веруваа во него и за укажанат можност да настапува во репрезентацијата Македонија.

– Не застануваме тука. Одиме понатаму по нови успеси и со Божја помош до медал на Олимписките игри 2016 во Рио, – истакна Зубаиров, додавајќи дека на Европските игри во Баку и на Светското првенство во Лас Вегас очекува да освои медали.

Тој наведе дека воопшто не било лесно да се освои медал, бидејќи конкуренцијата била многу силна и не учествуваат слаби борачи.

Зубаиров истакна дека имал напорни тренинзи со тернерот Гајдар Гајдаров и репрезентцијата на Дагестан.

Инаку, Зубаиров (- 76 кг) во Сараево, Б и Х, 2010 година станува европски првак во кадетска конкуренција, па шампион на Русија во 2010 и 2011 година. Во 2013 година зема македонско државјанство. На Изборното првенство на Македонија, годинава, на доминантен начин ја освои шампионската титула.

 spaseski-borenje

Од своја страна, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, рече дека македонската репрезентација со постигнатите резултати на Европското првенство до 23 години најави враќање на сјајот на еден од најтрофејните спортови во државата.

По пауза од осум години, Халил Зубаиров на Македонија и го донесе првиот медал од Европските првенства.

– Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и последните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот на спорт, по кој Република Македонија е препознатлива во светот. Со остварените резултати, односно со освоениот бронзен медал на Халил Зубаиров, полека, но сигурно, го враќа борењето на голема врата во Република Македонија,- изјави Спасески.

АМС за активностите на Боречката федерација на Македонија за годинава обезбеди 900.000 денари, со што треба да се покријат и меѓународните активности на репрезентацијата, односно    дел од трошоците за Европското првенство, Светското првенство во борење, кое во септември ќе се одржи во Лас Вегас, САД и Европските игри во Баку.

Спасески честитајќи им го успехот на сите репрезентативци, тренерите и целокупниот стручен штаб на репрезентацијата порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува борењето во очекување на нови успеси и секако, обезбедена норма за настап на Олимпијадата во Рио 2016.

Претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, нагласи дека борењето заслужува поголема поддршка и од држвата и од медиумите. Тој посочи дека за освојување на еден медал е потребен еден олимписки циклус, но, за среќа, со Зубаиров тој процес е скратен и по 2008 година повторно освоивме медал од едно големо натпреварување.

-Благодарност до Љубиша Пешко, Гајдар Гајдаров, МОК, АМС, зашто патот до медалот беше трнлив. Бевме подготвени за медала, но на јасин реџелари му ја украдоа победата, а Тимур Хамикоев (грчко-римски стил) се сретна со многу силен противник и се истроши максимално. За да имаме резултати на Европските игри, Медитеранското првенство во Шпанија, Севтското првенство во Лас Вегас треба да се вклучи цел тим: тренери, лекари, МОК, АСМ и други субјекти што ги интересира спортот, за да дојдеме до олимписки норми. Само борењето може да обезбеди олимписки норми, а зошто не и медали од ОИ, – истакна Николовски, нагласувајќи дека може да очекуваме медал и на СП, затоа што имаме квалитетни борачи, односно шести медал од ОИ по оние на Шабан Трстена, Шабан Сеиди и на Могамед Ибрагимов.

Покрај тоа што со пласман до шестото место на СП се обезбедува норма за ОИ, таа може да се обезбеди и на други три турнири.

Zubairov i vardarci vo ASM

Тренерот на Вардар и тренер на Зубаиров, Љубиша Пешко, дека под раководство на Гајдаров се спрема една нова генарција вардарови борачи, од кои некои се и во странство, која треба да донесе резултати на македонското борење.

-На оваа макотрпна работа (две години) сме задоволни од постигнатиот резултат. Искрено, се надевав на два медала, по еден златен и во слободен стил и во грчко-римски. Да продолжиме со работа и да освоиме медали. Тие се големи патриоти. Верувајте во нас, нема да ве изневериме,- рече Пешко

Претседателот на ФБСМ беше запрашан зошто не се одржа прес-конференција пред ЕП за јавноста да биде повеќе запознаена со овој настан и со нашите борачи. Николовски истакна дека не знаеле дали и ќе патуваат поради тоа што немале средства и дека се се решило благодарение на МОК, кој ги платил трошоците за борачите.

Тој се надева дека за ОИ во Рио нашите борачи може да обезбедат 2-3 норми.

Ipon.mk/В.Д.     

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО