Олимписка школа за борење во Лирија

borenje-mladi-500

Mакедонскиот олимписки комитет информира дека во рамките на програмата “Олимписки школи за борење” на 2 април 2015 година, со почеток во 16,00 часот, во ОУ „Лирија“, (сала “Ментас Алајбегу“), ќе се одржи собир на најмладите млади борачи од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани.

На овој настан ќе бидат присутни претседателот на Европските олимписки комитети, г-динот Патрик Хики и претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски.

Овој Олимписки проект, кој се води од страна на Федерацијата за боречки спортови на Македонија и Македонскиот олимписки комитет е поддржан од страна на Меѓународниот олимписки комитет и од страна на Обединетото светско борење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО