Трофејот на „Пјер Де Куберетен“ за Васил Тупурковски!

Tupurkovski

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, утре на свеченост во хотелот „Холидеј Ин“ (11 часот) ќе го добие големото признание од Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) – трофејот „Пјер Де Кубертен“.

Претседателот на Европскитe олимписки комитети, Патрик Хики, е во работна посета на Македонија, па тој ќе му го додели медалот на ИОК на актуелниот претседател на нашето олимписко движење. Тупурковски е прв човек на МОК веќе две децении.

Медалот „Пјер Де Кубертен“ се доделува на заслужни спортисти, работници и бивши спортисти кои дале голем придонес во олимпиското движење и биле пример за спортскиот дух на олимписките настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО