Жозе Алдо се покаја и му се извини на Конор Мек Грегор

Бразилскиот ММА борец, поранешниот шампион на УФЦ во перо категорија, Жозе Алдо, му се извини на Конор Мек Грегор.

„Малку се возбудив. Само што ја гледав борбата во соблекувалната, сите зборуваа за мојата победа, а потоа новинарот ме праша за коментарите на Конор Мек Грегор. Не видов точно што рече. Го нарекував со погрдни зборови и му се смеев. Но, кога дојдов во Бразил, му испратив порака со извинување бидејќи не разбрав како што треба. Сега се е во ред. Конор е мој пријател. Му посакувам се најдобро. Подготвен сум да тренирам со него. Имам многу да научам во боксот и има многу големи боксери меѓу Ирците. Отворен сум за тоа“, вели Алдо за ММА Фајтинг.

Жозе Алдо минатата година ја заврши кариерата во ММА и почна да се натпреварува во професионален бокс. Во две борби Бразилецот има една победа и едно реми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО