Уапсен поранешен борец на УФЦ поради кражба на накит вреден 200.000 долари

Поранешниот борец на УФЦ, Карл Робертсон, бил уапсен од властите во Њу Џерси под обвинение дека украл накит вреден 200.000 долари од дом во државата на почетокот на овој месец, пишува ММА Џанки, повикувајќи се на полициски извештај.

32-годишниот поранешен спортист работеше во партнерство со колега спортист по име Дејтон Томпсон.

Робертсон бил уапсен од сообраќајната полиција откако неговиот автомобил бил идентификуван како дел од злосторството. Но, во него е пронајден и борбен пиштол, крек, марихуана и дел од украдениот накит.

Двајцата се обвинети за разбојништво, поседување опасни материи и кршење на правилата за поседување огнено оружје. На нив им е одреден притвор во траење од 3 недели, по што со кауција се пуштени на слобода.

Доколку бидат осудени, Робертсон и Томпсон би можеле да поминат до 10 години зад решетки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО