Задоволство во репрезентацијата од бронзата на Спасеновски и учинокот на ЕП – Петар и Глигор Хаџи Кимов со најмногу победи

Со освојувањето на бронзениот медал на Петар Спасеновски во категоријата до 84 килограми на Европското карате првенство во Газијантеп, Турција, 5-то место на Вероника Костовска (-61 кг), едно 7 и две 9 места на Ангела Мојсовска и Фахик Весели и на женскиот тим, во КФМ го оценуваат како одличен.

Со овие параметри во конкуренција на 505 учесници од 45 држави Македонија во генералниот пласман е 15-та.

„Ова е голем успех за нашата мала Македонија со големо срце. Честитки за сите, каратето има светла иднина. Како селектор во борби сум задоволен од постигнатото, иако секогаш може подобро“, вели селекторот на репрезентацијата Александар Кузмановски.

Македонските каратисти во борби имаат 15 победи и 13 порази, а 7 триумфи се на Петар Спасеновски (4) и Глигор Хаџи Кимов (3). По две победи имаат Ангела Мојсовска и Вероника Костовска, а Марија Милева, Фахик Весели и Берат Јакупи се радуваа по еднаш. Соодносот во поени 48 за Македонија и 53 за противниците.

Да потсеттиме, Спасеновски, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство.

Резултати Европско првенство:

-55 кг
Марија Милева – Јакан Туба (Турција) 3-2
Марија Милева – Вероника Брунори (Италија) 0-1

-61 кг
Верника Костовска – Ана Мигу (Германија) 0-7
Репасаж
Верника Костовска – Антеа Стиланиу (Кипар) 6-2
Верника Костовска – (Киа Копонен) Финска 3-0
За борнза
Вероника Костовска – Лаура Сиверт (Франција) 3-6

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лина Летонен (Финска) 6-0
Ангела Мојсовска – Несрин Бужрин (Белгија) 6-1
Ангела Мојсовска – Мирослава Копунова (Словачка) 0-8
Репасаж
Ангела Мојсовска – Анита Макјан (Ерменија) 2-3

-60 кг
Фахик Весели – Алиреза Хосеини (Шведска) 4-0
Фахик Весели – Ерај Садман (Турција) 0-1
Репасаж
Фахик Весели – Флориан Хас (Германија) 1-1

-67 кг
Давид Петков – Васил Ризов (Бугарија) 0-1

-75 кг
Глигор Хаџи Кимов – Красен Николаев (Бугарија) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Димитриос Столис (Грција) 1-0
Глигор Хаџи Кимов – Габор Хаспартаки (Унгарија) 3-2
Глигор Хаџи Кимов – Луиџи Буза (Италија) 2-5

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) 2-0 (1-0, 2-0)

+84 кг
Берат Јакупи – Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Берат Јакупи – Тома Коса (Словачка) 0-1

Мажи кумите
Македонија – Шпанија 1-3

Жени кумите
Македонија – Словачка 1-2
Македонија – Босна и Херцеговина 1-2

Кати
Пуликсенија Јованоска 22,16 – петта во група 4 21-ва
Кристија Бајовски 22,66 – петти во група 4 17-ти
Ката тим мажи 22,52 – трети во група 1 7-ми

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО