Погледнете како Петар Спасеновски го освои поенот за медал и примањето на одличјето (ВИДЕО)

Петар Спасеновски вчера го освои бронзениот медал за Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, но јаноста немаше можност да ги види најзначајните моменти, односно клучниот поен и доделувањето на одличјето, освен оние што беа упорни покрај компјутерите. Ви ги прикажуваме видеата од тиз значајни моменти за македонското карате.

Да потсеттиме, Спасеновски кој е член на КК Макпетрол во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство.

Резултати Европско првенство:

-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) 2-0 (1-0, 2-0)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО