Владо Апостолов: Флексибилноста и бенифициите од неа

Vlado leta

За еден спортист да ги избегне повредите, заморот и генерално да ја направи подобро својата изведба, од голема важност е флексибилноста. Флексибилен спортист секое движење го прави со помалку работа.

Флексибилност  е способност на локомоторниот апарат да направи движење со оптимална амплитуда и е предуслов да се изведуваат движења со голема амплитуда. Односно, флексибилноста ја зголемува леснотијата со која се изведуваат брзите движења.

Флексибилноста мора да биде важен дел од тренингот. Меѓутоа, треба да се вежба и сила, да се зајакне мускулот. Односно, доволно силни мускули ќе придонесат за стабилност и цврстина на зглобот, а зголемените стабилизатори ќе придонесат за поголема развиженост на зглобовите.

На флексибилноста, меѓу другото, влијаат: температурата, староста, полот и замореноста. Наутро, подвижноста е намалена. Децата се поистегнати (размрдани) од возрасните. Подвижноста не е иста на сите зглобови. Со зголемување на температурата на телото се зголемува и флексибилноста. Најдобро е нормално да се загрее телото со телесни вежби на 40 степени, така температурата на мускулите се зголемува и мускулните влакна се истегнуваат без повреда. Загреан мускул е богат мускул и нахранет со крв снабдувана низ телото. Крвта го снабдува мускулот со кислород и ја трга млечната киселина, која е отпаден продукт. Млечната киселина се акумулира во крвта и го прави мускулот заморен. Односно, низ мускул, во кој има наталожено млечна киселина, имаме ограничен премин на крвта низ капиларите и крвните садови.

Зголемената флексибилност е од суштинско значење. Без развој на флексибилноста може да дојде до повреди на спортистот (помага да се избегнат повреди), се намалува заморот, имаме  ограничени квалитети на движењата, нарушено учење на движењата, а сето тоа ќе се одразува на силата, брзината и координацијата. Односно, флексибилната личност има поголема  издржливост и истото движење го прави за пократко време.

Пред секое сериозно вежбање телото мора добро да се загрее. А при вежбање на флексибилност, треба да се внимнава на:

  • Да не се витка грбот, долниот дел од половината треба да е исправен;
  • Не брзај за флексибилност, треба време;
  • Вежбај споро и нежно, без нагли движења;
  • Вежбај до чуство на тензија на мускулот (не болка). Ако нема тензија, вежбата нема ефект.

 м-р Владо Апостолов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО